fbpx

Blackmagic Design ги претставни новите ATEM Constellation HD Миксери

Slide

Blackmagic Design го претстави новото семејство на Миксери за Live Production кои поседуваат навистина моќни карактеристики, со користење на најновата технологија во моментот. Новите модели се 1 M/E модел со 10 x 3G-SDI влезови, 2 M/E модел со 20 x 3G-SDI влезови и 4 M/E модел со 40 x 3G-SDI влезови. Сите модели вклучуваат full standard конверзија на секој влез SDI, 4 ATEM напредни Chroma Keyers по M/E ред, DVE по M/E ред, медиа плеери, поголем простор за медиа содржини и многу повеќе. Овие нови миксери се дизајнирани како професионална надградба за клиентите на ATEM Mini на кои имаат потреба од надградување, или за големите радиодифузери кои сакаат да ги надградат своите студија за да добијат модерен миксер.

Миксерите од ATEM Constellation HD фамилијата се карактеризираат со компактен rackmount дизајн со вграден контролен панел. Со ова се овозможува работа на миксерот во  ситуации каде времето за поставување е критично, или за итна употреба. Вклучен е и ЛЦД  екран за клиентите да можат да видат што се емитува на програмскиот излез и да ги менуваат поставките на миксерот преку менијата на екранот. Компактниот дизајн е совршен за portable Live Production, каде на задниот дел на мискерот се вклучени приклучоци за 3G-SDI влезови, 3G-SDI aux излези, балансирано аудио и етернет за контрола. Најдобриот 4 M/E модел вклучува дури и RS-422 за сериска контрола и MADI дигитални аудио поврзувања.

Со контролата вградена во предниот панел, клиентите можат едноставно да управуваат со ATEM Constellation во секое време. Плус, контролните копчиња на предниот панел се премиум тип што се користат на панели со целосна големина, што ги прави исклучително сигурни. Клиентите можат дури и да ги контролираат киерите, медија содржините и fade to black преку предниот панел. Плус, LCD екранот на предниот панел и копчињата од менито исто така овозможуваат пристап до речиси секоја оперативна карактеристика на преклопникот.

Семејството ATEM Constellation HD располага со модели кои имаат до 40 независни 3G-SDI влезови, при што секој влез има свој посебен и вкрстен конвертор. Тоа значи дека е можно да се конвертира кој било влезен извор од 1080p во видео стандардот на миксерот. Тоа значи дека клиентите би можеле нс секој SDI влез да имаат сигнал со различент Телевизиски стандард, а сепак сите влезови едноставно да функционираат.

Семејството ATEM Constellation HD има огромен број на целосно независни 3G-SDI излези. Дури и малиот 1 M/E модел има 6 x 3G-SDI излези. Потоа, моделот 2 M/E има 12 x 3G-SDI излези, а моделот 4 M/E има масивни 24 x 3G-SDI излези. Овие SDI излези се многу моќни бидејќи клиентите можат независно да насочат кој било SDI влез, или кој било внатрешен извор до секој SDI излез. Или користете ги SDI излезите за ISO рекордери, каде што секоја уред ќе добие ресинхронизиран сигнал со соодветен временски код. Сите SDI излези содржат програмско аудио, временски код RP-188, SDI контрола на камера, tally и talkback.

Вградениот multiview им овозможува на клиентите да следат повеќе извори на еден монитор. Моделот 1 M/E вклучува 1 multiview, моделот 2 M/E има 2 независни multiview и моделот 4 M/E има 4 независни multiview. Сите надворешни SDI влезови, плус сите внатрешни извори на видео може да се пренасочат до кој било multiview. Сите multiview се целосно приспособливи и може независно да се постават на 4, 7, 10, 13 или 16 истовремени прегледи. Клиентите можат да додадат tally рамка како и назив на изворот и VU метри на секој приказ. Плус, ќе се прикажуваат црвена и зелена рамка на секој приказ, за ​​клиентите да знаат кој видео извор оди во живо.

ATEM Constellation HD вклучува широк опсег на нативни транзиции со бродкаст квалитет, како што се mix, dip, wipe и други. Сите транзиции може да се приспособат во контролните менија на системот со прилагодувања за бојата на рабовите, ширината на рамката, положбата, насоката и многу повеќе. Миксерот ATEM Constellation вклучува моќен процесор за дигитални видео ефекти за DVE транзиции, кој може да се користи за да се стесни моменталната слика од екранот и да се открие ново видео под него. DVE може да се користи дури и за креирање на wipe графички транзиции.

За да се овозможи работа како еден креативен тим, ATEM Constellation поседува вграден Talkback. Talkback поддржува 5-пински конектор за XLR слушалки, плус одзади има и RJ12 конектор за поврзување со индустриски стандардни Talkback системи, како што се ClearCom или RTS. Клиентите добиваат целосна контрола на разговорот, вклучително и програмско аудио, странична контрола за слушање на микрофонот во слушалките како и микс на програми. ATEM Constellation HD исто така поддржува SDI talkback што ги користи SDI каналите 15 и 16 за двонасочна комуникација со Blackmagic Design камерите. Клиентите можат дури и да ги користат каналите 13 и 14 за инженерски разговор.

Вградениот простор за медиа содржини може да емитуваат квалитетна RGBA графика и анимации кои можат веднаш да се репродуцираат од 2 или 4 медиа плеери. Вградениот медиа простор може да чува графика за употреба со медиа плеерите при што моделот 1 M/E може да собере 20 фотографии и анимација со 200 фрејмови, моделот 2 M/E може да чува 40 фотографии и анимација со 400 фрејмови и моделот 4 M/E може да чува 60 фотографии и анимација до 600 фрејмови.

За работа со вести или виртуелен сет, ATEM Constellation HD е совршен бидејќи има многу напредни киери за висококвалитетно chroma или luminance киерање. Хрома киерот е неверојатно моќен и располага со избирач на бои за примерок од боите на заднината за автоматско генерирање на параметрите за киерот. Клиентите добиваат прецизни контроли за рабовите и блесокот, а има дури и коректор на бои во преден план за клиентите да можат да го усогласат „изгледот“ на слојот во преден план со слојот на заднината, овозможувајќи беспрекорни композиции. Киерот може да се користи и за шаблони и DVE киерање. Клиентите добиваат 4 ATEM Advanced Keyers на моделот 1 M/E, 8 ATEM Advanced Keyers на моделот 2 M/E и 16 ATEM Advanced Keyers на моделот 4 M/E.

Со 4 upstream chroma киери по M/E ред, клиентите го добиваат совршеното решение за градење виртуелни сетови. Со толку многу напредни ATEM хрома киери, клиентите можат да користат киер по камера за да создадат беспрекорна композиција на камерата преку приспособената заднина. Дури и моделот 1 M/E има доволно киери за да генерира виртуелен сет на 4 камери. Клиентите можат да користат надворешни процесори на слики за виртуелни сетови, или клиентите може дури и да изградат виртуелен сет на фиксна камера со вчитување на претходно рендерирани позадини на фотографии од медиа плеерите. Клиентите можат да постават макроа за да ги менуваат камерите и да ја вчитуваат правилната позадина во медиа плеерите. Со толку голема флексибилност, клиентите можат да експериментираат за да испробаат различни поставки за студио.

Дополнително на DVE во M/E редовите, моделите 2 M/E и 4 M/E вклучуваат моќни SuperSource повеќеслојни процесори со 4 дополнителни DVE слоеви, плус слој за позадина, кои сите се појавуваат на ATEM Constellation HD како дополнителен видео извор. Може да се користи кој било видео влез со префрлување за секој SuperSource DVE, а потоа сето тоа се поставува заедно преку приспособена позадина. SuperSource е исто како да имате вграден дополнителен повеќеслоен VFX миксер. SuperSource е совршен за прикажување слика во слика за интервјуа бидејќи клиентите можат да го постават ефектот додека ги чуваат главните DVE слободни за други намени. ATEM Constellation 4 M/E има дури 2 целосно независни SuperSource процесори.

SDI Влезовите може да поседуваат и ембедиран аудио сигнал при што може да се миксуваат аудио сигналите од сите видео влезови. Плус, програмските излези вклучуваат talkback, tally како и контрола на камерата. Тоа значи дека клиентите можат да поврзат кој било од SDI излезите на миксерот со камерата за враќање на програмскиот сигнал, контрола на камерата и talkback.

Со вградениот Fairlight аудио миксер, ATEM Constellation овозможува да се направи исклучително сложено миксање на звук во живо. Внатрешниот миксер има до 156 влезни канали, со што е најголемиот аудио миксер во live production миксер. Аудиото се де-ембедира од сите SDI видео влезови и се пренесува на аудио миксерот. Потоа, моделот 4 M/E има дополнителни канали за MADI аудио влезовите MADI. Секој влезен канал се одликува со најквалитетен параметарски EQ со 6 бандови, limiter, експандер и noise gate, како и full panning. Клиентите добиваат дополнителни канали за аналогниот влез, talkback микрофон и медиа плеерите. Целата оваа аудио моќ може да се контролира преку ATEM Software Control или компатибилен Mackie панел.

Софтверскиот ATEM контролен панел им дава на клиентите целосна контрола врз нивниот миксер и е вклучен бесплатно. Софтверскиот Контролен панел на ATEM има прекрасно дизајниран интерфејс со визуелен преклопник и палети на параметри за брзо прилагодување. Контролата преку ATEM софтверот, исто така, им овозможува на клиентите пристап до контрола на камерата, миксање аудио, медија содржини, макро програмирање, па дури и контрола на HyperDeck снимачите на дискови. Клиентите може дури и да ја зачуваат целосната состојба на миксерот како XML-датотеки, плус се бекапираат сите медија содржини зачувани во миксерот.

Сите редови на M/E копчињата вклучуваат интегрирани LCD екрани за динамично означување на влезните копчиња. Моделот 1 M/E има еден ред M/E со 10 копчиња за внесување. Моделот 2 M/E има 2 M/E реда со 20 влезни копчиња. Масивниот модел 4 M/E има 4 M/E редови со 40 влезни копчиња по ред и 4 независни системски контролни LCD екрани.

За разлика од другите миксери, сите наведени можности се вклучени во куповната цена. Тоа значи дека клиентите ги добиваат сите функции целосно овозможени и секогаш подготвени за употреба. Нема дополнителни лиценци за купување за да им се овозможи на клиентите да користат функции и нема тековни месечни трошоци. Ова значи дека корисниците никогаш нема да имаат потреба од лиценца што истекува 5 минути пред да започне нивната програма. Напредните функции како што се multiview, SuperSource, DVE или ATEM Advanced Keyers се секогаш овозможени и секогаш се подготвени за користење.

Карактеристики на ATEM Constellation HD Миксерите:

  • Напреден дизајн со вградени контроли на предниот панел.
  • До 40 3G-SDI влезови.
  • До 24 приспособливи 3G-SDI излези.
  • Вклучува до 4 независни multiview со повеќе опции за распоред.
  • Вклучува DVE и stinger транзиции.
  • Вклучува до 4 DVE.
  • Професионален talkback компатибилен со ClearCom и RTS.
  • Внатрешни медија содржини  за фотографии и анимиации.
  • Вклучува нов ATEM Advanced Chroma key.
  • 4 ATEM напредни Chroma key по M/E ред за работа со зелен/син екран.
  • До 4 независни DVE.
  • Multi rate 3G-SDI за сите HD телевизиски стандарди, вклучувајќи 720p, 1080i и 1080p.
  • Вграден аудио миксер Fairlight со 156 канали.
  • Вклучува бесплатен софтверски контролен панел.
  • Компатибилен со сите хардверски контролни панели ATEM.
  • Сите функции се вклучени без дополнителни трошоци за клиентите.