fbpx

Отворена работна позиција – Technical SALES ENGINEER

Опис на позицијата:

  • Инженер – технички специјалист за продажба и имплементација на продукти и системи во област професионално аудио – видео и радиодифузија.
  • Креирање, продажба и имплементација на актуелни технички решенија водени од желбите на клиентите и нивните потреби и можности.
  • Планирање (проектирање) и изработка на предлог решенија во претпродажба
  • Презентација и демонстрирање на продукти / системи на клиенти
  • Тестирање, дијагностика и калибрација на инсталираните системи
  • Интервенции во случај на дефекти и координација со партнерските фирми – производители за благовремено отстранување на проблемот
  • Посета и одржување блиски контакти со клучни клиенти
  • Подготовка на документација и учество на тендери
  • Следење на развојот на новите технологии: аудио & видео, IP

Потребни се следниве квалификации:

  • Завршено високо образование – електротехнички факултет со соодветна насока
  • Познавање на опрема и системи за озвучување
  • Познавање на опрема и системи за аудио – видео конференции и комуникации.
  • Познавање на опрема и системи за презентација (проекции, дисплеи,…)
  • Солидно познавање на IT технологија и IP мрежни комуникации
  • Да поседува силни организаторски и комуникациски вештини
  • Способност за комуникација со клиенти во позитивна конотација, со желба да се помогне во решавањето на нивните проблеми / задачи
  • Одлично познавање на англиски јазик со искуство во деловна комуникација
  • Способност за работа во временски ограничени термини / рамки
  • Одличен тимски играч
  • Возач Б категорија

Она што ќе ве направи посебен:

  • Способност и желба за брзо учење
  • Посебен интерес за новите дигитални технологии во оваа област
  • Одговорност и агилност
  • Енергија и ентузијазам. Самостоен, позитивен начин на работење кој води кон брзо напредување. Силно мотивиран член на тимот кој секогаш е спремен да истрча уште еден километар повеќе
  • Извонредна смисла за хумор ис хајли апришиејтед

Ние нудиме:

  • Работа во пријатна околина, ентериер и релаксирана атмосфера.
  • Неформална, “family like” компаниска култура .
  • Редовна, конкурентна и стимулативна надокнада.
  • Нашата експертиза е базирана на константно учење и унапредување на вештините. Континуирано се следат новите технолошки достигнувања во сегментот, во соработка со нашите партнери, преку разни предавања, конференции, тренинзи, семинари….
  • Посета на најрелевантните саемски манифестации од браншата во Европа и многубројните тренинзи во нивни скоп.
  • Користење на демо соба со врвни аудиофилски компоненти за моменти на релаксација
  • Освежителни пијалоци
  • Тим билдинг активности со нашите пријатели од едриличарскиот клуб Нов Ветер

CV со мотивациско писмо испратете на Lnikolovski@vision.com.mk

Select your currency