
Зошто да работите со нас?
Ако работите со нас треба да знаете дека работите со пасиониран, мотивиран стручен тим за дизајн на голема разноликост на решенија поврзани со телекомуникации, професионално видео, аудио, расвета, како и за домашни аудио ентузијасти и обожаватели на музичката уметност. Тим, во кој компанијата континуирано инвестира во понатамошна обука.
При средбите со нашите клиенти, без разлика за колкав проект се работи, нашите инженери внимателно истражуваат потребите на клиентот, со цел што подобро да ги разберат нивните барања и врз основа на тоа да предложат најоптимално решение кое може да биде комплетен проект, идеен проект или буџетирање.