Опис на позицијата:
- Инженер – технички специјалист за продажба и имплементација на продукти и системи во област професионално аудио – видео и радиодифузија.
- Креирање, продажба и имплементација на актуелни технички решенија водени од желбите на клиентите и нивните потреби и можности.
- Планирање (проектирање) и изработка на предлог решенија во претпродажба
- Презентација и демонстрирање на продукти / системи на клиенти
- Тестирање, дијагностика и калибрација на инсталираните системи
- Интервенции во случај на дефекти и координација со партнерските фирми – производители за благовремено отстранување на проблемот
- Посета и одржување блиски контакти со клучни клиенти
- Подготовка на документација и учество на тендери
- Следење на развојот на новите технологии: аудио & видео, IP
Потребни се следниве квалификации:
- Завршено високо образование – електротехнички факултет со соодветна насока
- Познавање на опрема и системи за озвучување
- Познавање на опрема и системи за аудио – видео конференции и комуникации.
- Познавање на опрема и системи за презентација (проекции, дисплеи,…)
- Солидно познавање на IT технологија и IP мрежни комуникации
- Да поседува силни организаторски и комуникациски вештини
- Способност за комуникација со клиенти во позитивна конотација, со желба да се помогне во решавањето на нивните проблеми / задачи
- Одлично познавање на англиски јазик со искуство во деловна комуникација
- Способност за работа во временски ограничени термини / рамки
- Одличен тимски играч
- Возач Б категорија
Она што ќе ве направи посебен:
- Способност и желба за брзо учење
- Посебен интерес за новите дигитални технологии во оваа област
- Одговорност и агилност
- Енергија и ентузијазам. Самостоен, позитивен начин на работење кој води кон брзо напредување. Силно мотивиран член на тимот кој секогаш е спремен да истрча уште еден километар повеќе
- Извонредна смисла за хумор ис хајли апришиејтед
Ние нудиме:
- Работа во пријатна околина, ентериер и релаксирана атмосфера.
- Неформална, “family like” компаниска култура .
- Редовна, конкурентна и стимулативна надокнада.
- Нашата експертиза е базирана на константно учење и унапредување на вештините. Континуирано се следат новите технолошки достигнувања во сегментот, во соработка со нашите партнери, преку разни предавања, конференции, тренинзи, семинари….
- Посета на најрелевантните саемски манифестации од браншата во Европа и многубројните тренинзи во нивни скоп.
- Користење на демо соба со врвни аудиофилски компоненти за моменти на релаксација
- Освежителни пијалоци
- Тим билдинг активности со нашите пријатели од едриличарскиот клуб Нов Ветер
CV со мотивациско писмо испратете на Lnikolovski@vision.com.mk