fbpx

Отворена работна позиција – Project Sales Engineer!

Project Sales Engineer

Опис на позицијата:

• Инженер – технички специјалист за продажба и имплементација на продукти и системи во област професионално аудио – видео и радиодифузија.

• Креирање, продажба и имплементација на актуелни технички решенија водени од желбите на клиентите и нивните потреби и можности.

• Планирање (проектирање) и изработка на предлог решенија во претпродажба.

• Презентација и демонстрирање на продукти / системи на клиенти.

• Тестирање, дијагностика и калибрација на инсталираните системи.

• Интервенции во случај на дефекти и координација со партнерските фирми – производители за благовремено отстранување на проблемот.

• Посета и одржување блиски контакти со клучни клиенти.

• Подготовка на документација и учество на тендери.

• Следење на развојот на новите технологии: аудио & видео, IP.

Потребни се следниве квалификации:

• Завршено високо образование – електротехнички факултет со соодветна насока.

• 3+ години работно искуство во сегментот професионално аудио и видео, радиодифузија, планирање – дизајн, продажба, имплементација, сервиси…

• Одлично познавање на опрема и системи за озвучување.

• Одлично познавање на опрема и системи за аудио – видео конференции и комуникации.

• Одлично познавање на опрема и системи за презентација (проекции, дисплеи,…)

• Солидно познавање на IT технологија и IP мрежни комуникации.

• Да поседува силни организаторски и комуникациски вештини.

• Способност за комуникација со клиенти во позитивна конотација, со желба да се помогне во решавањето на нивните проблеми / задачи.

• Одлично познавање на англиски јазик со искуство во деловна комуникација.

• Способност за работа во временски ограничени термини / рамки.

• Одличен тимски играч.

• Возач Б категорија.

Она што ќе ве направи посебен:

• Способност и желба за брзо учење.

• Посебен интерес за новите дигитални технологии во оваа област.

• Одговорност и агилност.

• Енергија и ентузијазам. Самостоен, позитивен начин на работење кој води кон брзо напредување. Силно мотивиран член на тимот кој секогаш е спремен да истрча уште еден километар повеќе.

• Извонредна смисла за хумор ис хајли апришиејтед.

Ние нудиме:

• Работа во пријатна околина, ентериер и релаксирана атмосфера.

• Неформална, “family like” компаниска култура.

• Редовна, конкурентна и стимулативна надокнада.

• Нашата експертиза е базирана на константно учење и унапредување на вештините. Континуирано се следат новите технолошки достигнувања во сегментот, во соработка со нашите партнери, преку разни предавања, конференции, тренинзи, семинари….

• Посета на најрелевантните саемски манифестации од браншата во Европаи многубројните тренинзи во нивни склоп.

• Користење на демо соба со врвни аудиофилски компоненти за моменти на релаксација.

• Освежителни пијалоци.

• Тим билдинг активности со нашите пријатели од едриличарскиот клуб Нов Ветер.

• Користење на службено возило.

Испратете го вашето CV и мотивациско писмо на lnikolovski@vision.com.mk

Select your currency