Опис на позицијата:
Специјалист за имплементација и техничка поддршка на продукти и системи во област професионално аудио – видео.
Креирање, инсталација и имплементација на актуелни технички решенија водени од желбите на клиентите и нивните потреби и можности.
Изработка на предлог решенија во претпродажба.
Презентација и демонстрирање на продукти / системи на клиенти.
Тестирање, дијагностика и калибрација на инсталираните системи.
Интервенции во случај на дефекти и координација со партнерските фирми – производители за благовремено отстранување на проблемот.
Техничка поддршка на инсталираните системи.
Следење на развојот на новите технологии: аудио & видео, IP.
Потребни се следниве квалификации:
Пасионирано познавање на професионална аудио и видео опрема
познавање на опрема и системи за аудио – видео конференции и комуникации.
познавање на опрема и системи за презентација (проекции, дисплеи,…)
Солидно познавање на IT технологија и IP мрежни комуникации.
Способност за комуникација со клиенти во позитивна конотација, со желба да се помогне во решавањето на нивните проблеми / задачи.
Одлично познавање на англиски јазик со искуство во деловна комуникација.
Способност за работа во временски ограничени термини / рамки.
Одличен тимски играч.
Возач Б категорија.
Она што ќе ве направи посебен:
Пасиониран љубител на музиката и визулените уметности и технологијата за нивно снимање, и репродукција
Способност и желба за брзо учење
Посебен интерес за новите дигитални технологии во оваа област
Одговорност и агилност
Енергија и ентузијазам. Самостоен, позитивен начин на работење кој води кон брзо напредување. Силно мотивиран член на тимот кој секогаш е спремен да истрча уште еден километар повеќе
Извонредна смисла за хумор ис хајли апришиејтед
Ние нудиме:
Работа во пријатна околина, ентериер и релаксирана атмосфера.
Неформална, “family like” компаниска култура .
Редовна, конкурентна и стимулативна надокнада.
Нашата експертиза е базирана на константно учење и унапредување на вештините. Континуирано се следат новите технолошки достигнувања во сегментот, во соработка со нашите партнери, преку разни предавања, конференции, тренинзи, семинари….
Релаксација во демо соба со врвни аудиофилски компоненти
Освежителни пијалоци
Тим билдинг активности со нашите пријатели од едриличарскиот клуб Нов Ветер
Испратете го вашето CV и мотивациско писмо на info@vision.com.mk