fbpx

Отворена работна позиција – Technical Sales Product Specialist

Technical Sales Product Specialist

Опис на позицијата:

  • Tехнички специјалист за продажба и имплементација на продукти и системи во област професионално аудио – видео.
  • Креирање, продажба и имплементација на актуелни технички решенија водени од желбите на клиентите и нивните потреби и можности.
  • Изработка на предлог решенија во претпродажба.
  • Презентација и демонстрирање на продукти / системи на клиенти.
  • Тестирање, дијагностика и калибрација на инсталираните системи.
  • Интервенции во случај на дефекти и координација со партнерските фирми – производители за благовремено отстранување на проблемот.
  • Посета и одржување блиски контакти со клучни клиенти.
  • Техничка поддршка на инсталираните системи.
  • Следење на развојот на новите технологии: аудио & видео, IP.

Потребни се следниве квалификации:

  • 3+ години работно искуство во сегментот професионално аудио и видео, радиодифузија, планирање – дизајн, продажба, имплементација, сервиси…
  • Одлично познавање на опрема и системи за озвучување.
  • Одлично познавање на опрема и системи за аудио – видео конференции и комуникации.
  • Одлично познавање на опрема и системи за презентација (проекции, дисплеи,…)
  • Солидно познавање на IT технологија и IP мрежни комуникации.
  • Способност за комуникација со клиенти во позитивна конотација, со желба да се помогне во решавањето на нивните проблеми / задачи.
  • Одлично познавање на англиски јазик со искуство во деловна комуникација.
  • Способност за работа во временски ограничени термини / рамки.
  • Одличен тимски играч.
  • Возач Б категорија.

Она што ќе ве направи посебен:

  • Способност и желба за брзо учење
  • Посебен интерес за новите дигитални технологии во оваа област
  • Одговорност и агилност
  • Енергија и ентузијазам. Самостоен, позитивен начин на работење кој води кон брзо напредување. Силно мотивиран член на тимот кој секогаш е спремен да истрча уште еден километар повеќе
  • Извонредна смисла за хумор ис хајли апришиејтед

Ние нудиме:

  • Работа во пријатна околина, ентериер и релаксирана атмосфера.
  • Неформална, “family like” компаниска култура .
  • Редовна, конкурентна и стимулативна надокнада.
  • Нашата експертиза е базирана на константно учење и унапредување на вештините. Континуирано се следат новите технолошки достигнувања во сегментот, во соработка со нашите партнери, преку разни предавања, конференции, тренинзи, семинари….
  • Релаксација во демо соба со врвни аудиофилски компоненти
  • Освежителни пијалоци
  • Тим билдинг активности со нашите пријатели од едриличарскиот клуб Нов Ветер

Испратете го вашето CV и мотивациско писмо на lnikolovski@vision.com.mk

Select your currency