JVC ги представи новите професионални 4К и HD PTZ камери со NDI и SRT

 

4K и HD PTZ камерите обезбедуваат подобрени функции за стриминг со NDI®|HX и SRT

JVC претстави три нови PTZ далечински камери, дизајнирани за сигурна далечинска продукција на IP за едукативни, корпоративни, настани во живо, како и спортски апликации. Новите 4K KY-PZ400N и HD KY-PZ200N камери обезбедуваат оптимален стриминг квалитет на сликата и перформанси за далечинска продукција преку интернет. Камерите се опремени со NDI®|HX и SRT стриминг, H.265/H.264/MJPEG енкодирање и VITC (Вертикален интервал на Timecode) технологии за синхронизација на повеќе камери . Третата опција е новата HD KY-PZ200, која обезбедува економично решение, без NDI®|HX. Сите модели на камери се достапни во црни или бели варијации за најдобро да одговараат на амбиентот на местото или проектот.

 


“Оваа нова линија на камери означува многу први нешта за нас во JVC, вклучувајќи ја и нашата прва PTZ камера со стриминг 4K, како и нашиот прв PTZ со NDI®|HX и SRT“, вели Џон Кели, генерален директор, EMEA Professional Business Solutions, JVCKENWOOD. „Со интегрираната технологија NDI®|HX од Vizrt Group, JVC PTZ камерите сега нудат висококвалитетен стандард за IP видео пренос со ниска латентност. Возбудени сме што ќе ја обезбедиме оваа функционалност во нашите нови камери за продукција на 4K и HD PTZ и со нетрпение ги очекуваме креативните можности за стриминг што нашите корисници ќе ги добијат.”
“Уредите со NDI, како што е новата PTZ NDI камера на JVC, експоненцијално ги зголемуваат изворите на достапни видео содржини, создавајќи ефикасност и можности кои претходно не постоеле“, вели Мајкл Наматинија, претседател и генерален директор на NDI. „Во NDI, имаме многу почит за JVC како бренд и за нивните квалитетни производи. Ова е значаен момент за индустријата, за NDI и за клиентите на JVC, кои сега можат да уживаат во придобивките и слободата што ги носи IP содржината со NDI.”

KY-PZ400 PTZ camerasПокрај NDI®|HX кај 4K KY-PZ400N и HD KY-PZ200N, сите три камери вклучуваат SRT, HTTP, RTSP, RTMP/RTMPS и стандардни протоколи. Со оглед на тоа што SRT технологијата сега станува синоним за JVC камерите, на корисниците на PTZ им е овозможено вистинско решение со постојано ажурирање на фирмверот. Напредните можности за стриминг на вградената SRT технологија додаваат и автоматско барање за повторување (ARQ) и корекција на грешки (FEC), со цел за да се спречи загубата на пакети што обично се среќава кај интернет конекциите. Исто така, нуди и енкрипција на стримот заради заштита на содржината

Дополнително, со вградениот VITC со мрежен временски протокол (NTP), новите JVC PTZ камери овозможуваат и синхронизација со повеќе камери за продукција на настани во живо. Оваа функција е идеална за миксинг и стриминг на концерти, емисии, спортски и други продукции во живо каде синхронизацијата на сликата е од клучно значење. Способностите за далечинско управување се овозможени преку далечинскиот управувач за PTZ камери JVC RM-LP100, JVC’s KM-IP6000/4000 CONNECTED CAM STUDIO како и разни други опции од vMix, OBS Studio и NewTek.

Опремен со 4K 1/2,5-инчен CMOS сензор за слика со прогресивно скенирање, KY-PZ400N има широк агол на гледање (приближно 26,4 mm @35 mm), минимално осветлување од 0,5 Lux и 16x дигитален / 12x оптички зум. KY-PZ200N и KY-PZ200 вклучуваат HD 1/2,8-инчен прогресивен CMOS сензор за слика, како и 20x оптички зум кој достигнува до еквивалентност од 606,9 mm @35 mm. Сите три камери имаат HDMI и 3G-SDI, RJ45 интерфејси, со поддршка за PoE, RS232 и RS485 како стандард.

На следниот линк можете во живо да видите пример на JVC KY-PZ400N KY-PZ200N KY-PZ200 PTZ-Cameras и REMI (далечинска продукција преку Интернет).

Select your currency
EUREuro