Za Nas

За нас

Историја:

Пред дваесетина години, еден човек самостојно започна да га остварува својот сон за современа, инжинерскa фирма во областа на телекомомуникациите, радиодифузијата и професионалните адио-визуелни системи... На почетокот не постоеше капитал, немаше практично ништо освен знаење стекнато на Електротехничкиот факултет во Скопје, секојдневно надградувано низ искуството од неколкугодишната работа во фирмата Дасто, нескриен ентузијазам, голема верба во успех, посветеност, упорност и јасна визија.
За неколку години Љупчо Николовски, заедно со своите колеги – пријатели, успеа од ВИСИОН да создаде лидер на македонскиот пазар во својот домен на дејствување со огомна референтна листа на најразлични клиенти (клиенти)
Од самиот почеток, телекомуникцасиките и професионланите аудио визуелни системи беа јадрото на нашиот интерес и внимание.

 

Цел

Наша цел е да креираме, понудиме и инсталираме оптимални решенија со високи перформанси за потребите на аудио и видео професионалците, како и за страсните љубители на музичката и филмската уметност.
За таа цел, континуирано и посветено, секогаш се стремиме кон унапредување на нашите знаења, збогатување на нашите искуства и примена на технолошките иновации.

 

Мисија

Да внесеме задоволство во животите на нашите клиенти со што поедноставни, модерни, технолошко – иновативни и потврдени решенија, со обезбедување на најдобра можна репродукција на звук и слика (во корелација со желбите и можностите на клиентите) и да создадеме подлабоко, емоционално поврзување со аудио-визуелните уметности, со нивните автори и дела.

 

Вредности

Взаемна доверба и почитување, Верба, Ентузијазам, Искреност и правдина.

 

Зашто да работите со нас?

Ако работите со нас треба да знаете дека работите со пасиониран, мотивиран стручен тим за дизајн на голема разноликост на решенија поврзани со телекомуникации, професионално видео, аудио, расвета, како и за домашни аудио ентузијасти и обожаватели на музичката уметност. Тим, во кој компанијата континуирано инвестира во понатамошна обука.
При средбите со нашите клиенти, без разлика за колкав проект се работи, нашите инженери внимателно истражуваат потребите на клиентот, со цел што подобро да ги разберат нивните барања и врз основа на тоа да предложат најоптимално решение кое може да биде комплетен проект, идеен проект или буџетирање.